00 389 2 609 0218 contact@thybusinessguide.com

Правна проверка на фирма

Адаптирање на законска регулатива во Македонија

Адаптирањето со целосната правна регулатива на едно правно лице во државата претставува долготраен и бирократски процес. 

Сите претрпиемачи, овој процес единствено го извршуваат со цел да можат мирно да го водат својот бизнис и да ги остварат своите бизнис цели. 

Меѓутоа, континуираната промена на регулативата во зависност од дејноста на определен бизнис а и генерално, јавува за потреба да бизнисите овие дејствија ги вршат континирано. 

Со цел да се утврди моменталната правна состојба на една фирма, исполнетоста на обврските кон регулативата како и правната цврстина на постоечките релации, неопходна е повремена проверка на целокупниот статус. 

Во западните земји, овој процес е познат како Legal Health Check и е често користена услуга на сите сопственици на бизниси. 

 

Агенција за заштита на лични податоци

Агенција за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци е надлежно тело кое ја следи и се грижи за примената на Законот за заштита на личните податоци, заштитувајќи ги правата на субјектите на лични податоци. 

Што значи правна проверка?

– проверка на усогласеноста од аспект на работните односи

– проверка на усогласеноста од аспект на безбедност и здравје при работа

– проверка на усогласеноста од аспект на законите за трговија и трговски друштва

– проверка на усогласеноста од аспект на заштита на личните податоци

– проверка на усогласеноста од аспект на регулативата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

– проверка на усогласеноста од аспект на регулативата која се однесува на конкретното друштво

Thy Business Guide, 2022