Регистрирање на фирма во Македонија
Вовед
Регистрирање на компанија во Северна Македонија: Постапката за основање на фирма во Северна Македонија се спроведува по електронски пат, пред Централниот регистар на Северна Македонија.
Регистрацијата на компанијата може да се изврши преку овластен регистрационен агент.
За регистирање на друштвото не се плаќа административна такса, меѓутоа агентот за регистрација има право да наплати во согласност со неговата тарифа или понуда што може да надмине тарифата, во зависност од комплексноста на фирмата која се регистрира.
Прочитајте повеќе за деловната клима во Северна Македонија.
Некои основни информации во врска со регистрирањето на фирма во Северна Македонија

Назив
Го содржи називот на фирмата по Ваш избор, правната форма и градот во кој е регистрирана фирмата

Седиште
Седиштето на фирмата може да биде било која адреса во Северна Македонија. Централниот регистар не бара дока за сопственост или закуп на објектот каде што се регистрира фирмата

Основна главнина
Основната главнина соглсно Законот за трговските друштва во Северна Македонија е Евра 5.000. Меѓутоа, во тек се и законски измени за поедноставени друштва со основна главнина од 1 Евро

Содружник(ци)
Содружници во трговско друштво во Северна Македонија можат да бидат домашни и/или странски правни или физички лица, кои ја уплатиле главнината

Управител(ли)
Едно или повеќе физички лица со деловна способност може да се јави како Управител во трговското друштво, поседувајќи ограничени или неограничени овластувања за раководење со друштвото.

Други белези
Во постапката за основање на трговско друштво во Северна Македонија, потребно е да се наведат и други податоци на друштвото како банка, е-маил адреса, дејност и сл.
Потребни Ви се и други услуги за Вашата фирма во Македонија?
Кои документи се поднесуваат во Централниот регистар
Во овој процес на регистрација, следните документи се доставуваат во прилог на пријавата за регистрирање на фирма:
– Пријава (мора да биде пополнет, дигитално потпишан и доставен од регистрациониот агент)
– Изјава/Договор за основање и други придружени задолжителни изјави
– Доказ за идентитет на основачите на друштвото, или тековна состојба доколку основачот е правно лице;
– Fотокопија од лична карта, а за странски државјани – фотокопија од пасош; ако основачот е правно лице: оригинален извод од трговскиот регистар во државата на основање;
– Банкарска потврда за исплата на основната главнина, ако основната главнина е исплатена пред основањето на компанијата
– Полномошно што го овластува агентот за регистрација.
Документите на странски јазик мора да бидат придружени со нивен превод на македонски јазик, заверен од овластен судски преведувач и отколку заверен на нотар.

Започни со основање на фирма
Потполни го нашиот формулар со податоци за основање на фирма и почни ја постапката веднаш

Промена на адреса

Промена на управител

Промена на содружник
(пренос на удел)

Основање, промени и бришење на подружници

Други видови на промени на фирмата
Thy Business Guide, 2022