00 389 2 609 0218 contact@thybusinessguide.com

Промени кај фирми во Македонија

 Вовед

Веќе основаните трговски друштва во Македонија имаат за обврска да ги регистрираат сите промени на податоците за друштвото во Централен регистар. Регистрацијата се извршува преку регистрационен агент, овластен да ги превземе определените промени во Централниот регистар.

За разлика од основањето на фирма, ваквите промени кои се задолжителни подлежат на трошоци согласно применливата тарифа. 

Согласно Законот за трговските друштва, секоја промена на податок на Друштвото задолжително мора да се евидентира во Централниот регистар. Поедноставено, сите податоци кои можи да ги видите на тековната состојба, а се промениле за едно трговско друштво, задолжително се евидентираат во Централниот регистар, не подоцна од 90 дена од денот на извршената промена (донесена одлука, изјава и сл.). 

Постапката се извршува преку овластен регистрационен агент кој поднесува пријава пред Централниот регистар на Македонија, по дадено овластување од страна на Управителот на Друштвото. Дополнително на ова овластување, на регистрациониот агент му се доставуваат во оригинал неопходните одлуки, изјави и други докази поврзани со определената промена. 

Некои видови промени кај трговски друштва пред Централен регистар

Промена на седиште (адреса)

Промена на Управител

Промена на содружник

(пренос на удел)
Business Guide in local businesses

Основање и промени кај подружници

company registration

Други видови на промени

Thy Business Guide, 2022