Заштита на лични податоци
Заштита на лични податоци во Македонија
Со Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) беа доенсени низа мерки, обврски и промени во областа на личните податоци во Македонија. Со овој закон, регулативата на Македонија е апсолутно приближена и не заостанува со познатата регулатива на Европската Унија за заштита на личните податоци (GDPR).
Согласно Законот за заштита на личните податоци, секое правно лице кое врши дејност претставува контролор и е должно да се адаптира на законските одредби. Контролорот е должен да покаже пред Агенцијата за заштита на личните податоци дека адекватно и целосно го почитува законот, заштитувајќи ги правата на субјектите на лични податоци.
Агенција за заштита на личните податоци
Агенцијата за заштита на личните податоци е надлежно тело кое ја следи и се грижи за примената на Законот за заштита на личните податоци, заштитувајќи ги правата на субјектите на лични податоци.
Што значи усогласувањето на личните податоци?
Во процесот на усогласување на личните податоци, потребно е да се следат неколку основни чекори за целосно разбирање на процесот на работа и применување на соодветни технички и организациски мерки од страна на контролорот.
1. Идентификување на процесот на движење на личните податоци во организацијата
2. Препознавање и потврдување на правниот основ за прибирање. на личните податоци
3. Евиденција на активностите поврзани со обработка на лични податоци
4. Назначување на офицер за заштита на личните податоци
5. Поставување и објавување на политика за приватност
6. Донесување, објавување и примена на соодветни технички и организациски мерки
7. Изјави за доверливост за вработени и ангажирани лица
8. Тековни дејствија и обврски за исполнување на законските обврски
Thy Business Guide, 2022