00 389 2 609 0218 contact@thybusinessguide.com

Бизнис клима во Албанија

Вовед

Албанија е држава во јужноисточна Европа со популација од 2.8 милиони жители кои живеат на територија од 28.748 квадратни километри. Главен град на државата е Тирната во кој живеат околу 484.624 жители. 

Албанија е поделена на 61 општина и 74 градови.

Националната валута е албански лек и околу 122,97 албански лека се соодветни на 1 Евро.

Некои основни економски статистики вклучуваат:

Стапка на инфлација во 2018 година: 2,02%
Директни инвестиции во 2018 година: 981,6 милиони евра
Стапка на раст на Бруто домашниот производ (БДП): 2,9%

Индекс на економска слобода: 57

Индикаторот Индекс на економска слобода, годишен водич објавен од Фондацијата Херитиџ, и дава на Албанија коефициент на економска слобода од 66,9. Ова и дава на земјата ранг на светско ниво од 57 и ја става Албанија на 30-то место меѓу 45 земји во европскиот регион. Севкупниот резултат е приближно еднаков на регионалниот просек и многу над светскиот просек.

Светска Банка, ранк: 82

Извештајот на Светска банка, Doing Business ја рангира Албанија на 82-то место за водење бизнис на светското рангирање. На земјата и се даваат оценки 67,7 и рангирање 53 за започнување бизнис во 2020та година.

Базел Институт, АМЛ ранк: 39

Базелскиот институт ја рангира Албанија на 39та рангирана позиција. Имајте предвид дека највисоко рангираната позиција покажува дека земјата има поголем ризик од перење пари и финансирање на тероризам.