Услови за користење и политика на приватност на
www.thybusinessguide.com
Сите податоци објавени на веб страницата thybusinessguide.com се од информативен карактер и не може да предизвикаат правни дејствија и правни последици по thybusinessguide.com и правниот субјект кој ја поседува оваа страница (во понатамошниот текст: TBG).
Крајниот корисник се обврзува да ги почитува правилата и условите кои се истакнати подолу во овој текст како и дека нема да репродуцира, дистрибуира, пренесува, препродава било која содржина, софтвер, производи или услуги добиени преку веб страницата без претходно одобрување од TBG.
TBG има целосно право на целокупната содржина на веб страницата. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршување на авторските права или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓанска и/или кривична одговорност.
Со користењето на веб страницата, Вие се согласувате дека секогаш ќе оставате точни податоци во секој дел од страницата каде што е тоа потребно и редовно ќе ги ажурирате за да одговараат на фактичката моментална состојба.
Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страниците преку некој друг линк, тоа го прави на свој сопствен ризик.
TBG не одговара за точноста на податоците оставени и запишани во The Business Guide, за точноста на податоците кои се водат во регистрите одговара подносителот.
Во случај на прекин на услугите поради проблеми со интернетот или други случувања кои се надвор од контрола на TBG, The Business Guide ќе се обиде на било кој начин, преку социјални мрежи или контакт податоци да ги информира корисниците за привремената недостапност.
TBG го задржува правото во било кое време да ги менува содржината и дизајнот на својата веб страница како и да ги дополни или промени некои од услугите, во согласност со законските прописи.
Корисникот се согласува дека комуникацијата која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.
Известувањата од страна на TBG доставени до Вашата е-маил адреса која сте ја запишале во Вашиот кориснички налог или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација, ќе се смета дека се уредно доставени на денот на испратената електронска порака.
Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страница http://www.thybusinessguide.com/ и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. TBG (во натамошниот текст: TBG) ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за да ги оствари законските задачи и овластувања.
TBG за заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чува/обработува податоци, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно: законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.
Информации поврзани со обработката на личните податоци
– Личните податоци се собираат за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42 од 16.2.2020 година).
– TBG применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци со што се обезбедува:
• Доверливост – заштита на податоците од неовластено откривање и пристап;
• Интегритет – обезбедување на точност и вистинитост, односно дека податоците на било кој начин не се неовластено изменети;
• Расположливост – обезбедување пристап на овластените корисници и информациските системи до податоците кога е тоа потребно;
• Неотповикливост – обезбедување на докази кои не даваат можност за одрекување.
TBG собира податоци од:
– Корисници без и со кориснички профил на веб страницата на TBG – http://www.thybusinessguide.com/ .
TBG автоматизирано собира податоци кои се користат за анализирање на посетите, односно користењето на нашата веб страница и нејзината информациска безбедност.
Категории на податоци кои се обработуваат:
Податоци од посетите на веб страницата
– При посетата на веб страницата на TBG, за секој корисник (со или без кориснички профил) се креира лог записи со следни податоци:
• ИП (IP) адреса;
• Уредот од кој пристапува корисникот, вид и модел;
• Оперативниот систем;
• Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
• Страните кои ги посетува на веб страницата на TBG и времето на користење/минување на секоја страна;
• URL на страната од која е префрлен на веб страницата на TBG и во некои случаи, термините кои ги користел во обидот да ја најде страната на TBG;
• Јазикот на пребарувачот кој го користат;
• Држава;
• Податочни параметри на основа на кои е извршено пребарување на податоци;
• Серверските логови се чуваат на начин уреден со интерна регулатива која е донесена согласно позитивните законски прописи. Корисникот, на негово барање, може да биде информиран за повеќе детали.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
• За корисниците без кориснички профил се евидентира IP адресата од која тие пристапуваат и ги користат општите услуги кои ги нуди веб страницата на TBG.
Права на контролорот поврзани со дејствија на злоупотреба и незаконски дејствувања
Доколку TBG утврди дека корисникот го злоупотребил пристапот до веб страницата со цел незаконски да стекне пристап до информации и апликации или со цел да ја направи веб страната на TBG недостапна за користење, во тој случај можно е да се искористат евидентираните податоци и да се достават до надлежните органи кои се одговорни за откривање и санкционирање на сторените злоупотреби поврзани со незаконско користење на веб страни и кибернетички криминал.
Како се собираат личните податоци
Личните податоци се собираат преку различни канали, вклучувајќи:
– Користење на веб страницата на TBG, преку централизираниот систем за управување со кориснички профили и сите останати информатички системи кои се користат за уписи и дистрибуција на податоци и информации, односно за исполнување на со закон утврдените надлежности на TBG;
– Е – mail контакт адреси на TBG достапни на веб страницата и
– Други форми за контакт кои се достапни на веб страницата.
Активности на обработка на личните податоци:
– TBG обработува лични податоци на со закон определени цели, заради извршување на својата дејност во согласност со одредбите со законот за заштита на личните податоци.
– TBG не споделува податоци за корисникот и/или за неговата посета на веб страницата на TBG, со трети лица, освен во следните случаи:
• Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако TBG ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по регулативата на TBG и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
• По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
– Податоците кои ги собира TBG се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци на TBG.
Права во однос на обработката на лични податоци се:
– Да бидат информирани за обработката на личните податоци или право на информираност за обработката на личните податоци;
– Право на пристап до личните податоци;
– Право на исправка и бришење на личните податоци;
– Право на ограничување на обработката на личните податоци;
– Право на приговор;
– За дополнителни информации и/или остварување на правата за заштита на лични податоци, секој посетител или корисник може да го контактираат офицерот за заштита на лични податоци на TBG, чии контакт податоци се објавени на веб страницата.
Право на поднесување на поплаки до TBG
– Доколку се смета дека со начинот на кој TBG ги обработува лични податоци, се повредуваат одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да се поднесе поплака до TBG, согласно Законот за заштита на личните податоци.
– Поплаки може да се поднесат преку веб страницата на TBG или на било кој начин преку контакт информациите објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
– Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува и усогласува соодветно на настанатите промени и евентуално согласно законските измени.